|
|
Пронајден фосил на лемур стар 47 милиони години |
|
||||||
Фосилни остатоци од лемур стар 47 милиони години, за кој се смета дека е алката што недостига во објаснувањето на човековата еволуција, откриле научниците. Испитувањето на директната врска меѓу човечката раса и животните трае повеќе од 200 години, но конечната верзија беше претставена деновиве во Природонаучниот музеј во Њујорк. Повод е откривањето на скелетот на лемурот, наречен Ида, најавен како „осмо светско чудо“. Пронајден е во сонда кај германското село Месел, оддалечено 35 километри од Франкфурт |
|||||||
|
|||||||
| Истражувачкиот тим, под водство на професорот Џорн Хурум од Националниот музеј на Норвешка, се занимавал со проучувањето на овој фосил во изминативе две години, сé до неговото пренесување во Њујорк по повод двестегодишнината од Дарвиновото раѓање. Научниците наведуваат дека пронајдениот фосил и припаѓал на женка-лемур. Наместо канџи има нокти многу слични на човечките, развиени палци на нозете и ножни зглобови, што го става на самиот праг на еволуцијата на човекот. Мајкл Блумберг, градоначалникот на Њујорк, на промоцијата на фосилот Ида откри и дека за откритието е снимен и документарен филм. Научниците велат дека влијанието на ова откритие врз науката ќе биде како астероид да ја удрил Земјата. Според нив, конечно е потврдена веродостојноста на теоријата на Чарлс Дарвин за еволуцијата на човекот. Дејвид Атенбург, од тимот што работеше на ова откритие, вели дека Дарвин би бил восхитен да може да го види овој фосил, бидејќи тој го дава одговорот од каде потекнуваме. |
|||||||
|
|
|||||||
| Веста е прочитана: 0 | |||||||
|
|||||||
|
|